Филипче: Уште тројца заболени утрово
Венко Филипче, министерот за здравство, објави дека денеска се евидентирани нови три лица како заболени од КОВИД-19 во земјата. Денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти.
„Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите за 3-ца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контрони тестови кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна“, напиша Филипче.
Повеќе информации министерот најави на прес-конференција во 14:00 часот.
Слично
