Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Уште 7 милиони евра за болницата во Штип, не била предвидена електрика

Филипче: Уште 7 милиони евра за болницата во Штип, не била предвидена електрика

Венко Филипче, министерот за здравство, на денешната прес-конференција на новинарско прашање потврди дека за изградба на Клиничката болница во Штип ќе бидат потребни дополнителни 7 милиони евра.

„Станува збор за еден сериозен недостаток во проектот за изградба на Клиничката болница во Штип што беше пречка таа да продолжи. Таму недостасуваше сегментот на електрика. Во целиот тој проект уште на почетокот, нам на крајот на 2018 , ни беше укажано и од претставници на Банката на Советот на Европа чии експерти доаѓаа кај нас во технички мисии. Рекоа дека таков дел недостасува и дека проектот треба да се ревидира. Зошто не бил планиран системот на електрика, јас навистина не можам да кажам“, рече Филипче.

Тој додаде дека после направената ревизија, на крајот на 2018, излегло дека е потребна таа сума за да се надополни и да се модернизира проектот согласно некои други европски стандарди кои во меѓувреме излегле во сферата на градење на болници. 

„Тоа значи, дека треба дел од фасадата да биде огноотпорна или дека има измени во машинството согласно тие европски стандарди“, наведе Филипче.

Ревизијата, како што вели министерот,, во моментов се разгледува во Банката на Советот на Европа и дека штом се отстранат недостатоците од иницијалниот проект,изградбата ќе продолжи.

Слично

Поврзани вести