Филипче упати сочувство и објасни за клиничката слика на пеачот Вучиќ
Драган Вучиќ бил примен на Инфективната клиника пред осум дена и од тогаш бил лекуван на интензивна нега, објави министерот Венко Филипче. Министерот упати сочувство до семејството
„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочувство до семејството и блиските, напиша Филипче.
Легендарниот пеач и водител Драган Вучиќ почина утрово.
Естрадата и познати јавни личности но и негови пријатели се простуваат со него на социјалните мрежи.
