Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче тврди дека ќе имаме мирно лето

Филипче тврди дека  ќе имаме мирно лето

Нема ризик за свадби и концерти, ќе имаме мирно лето, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Канал 5. 

Вели дека епидемиолошката слика во Македојнија е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните. Филипче рече дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

„Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто“, кажа  Филипче.

Шест градови во Македонија се без заболени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести