Филипче: Телефонот не го забораваш, не ја заборавај и маската, може да е фатално
Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, напиша денеска на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вчера соопшти дека Комисијата за заразни болести предлага нови рестриктивни мерки поради зголемениот број на новозаболени. Есенскиот бран стаса, а болниците веќе се преполни. Само вчера има 364 новозаболени
Слично
