Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче советува што треба да правиме во студените денови со загаден воздух

Филипче советува што треба да правиме во студените денови со загаден воздух

Министерот за здравство, Венко Филипче пишува на Фејсбук дека доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. 

Додава дека е многу важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. 

„Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во којашто има носител на вирусот. Притоа и да го избегнеме штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето. Ова се аргументите кои по дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажаа дека сепак маски на отворено мора да се носат“, пишува Филипче. 

Месецов повеќето македонски градови регистрираат загаден воздух. Маските мора да се носат на отворено, во спротивно следи казна од 20 евра. 

Вчера имаше 862 заразени во коронавирусот во земјава. 

Слично

Поврзани вести