Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ СООПШТИ: Tројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни

ФИЛИПЧЕ СООПШТИ: Tројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни

Од осумте тестирани пациенти на корона вирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на корона вирусот, информира министерот за здравство, Венко Филипче. 

„Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар“, пишува Филипче. 

Над 200 луѓе се во изолација. 

Слично

Поврзани вести