Филипче: Со неодговорно однесување, бројот на случаи нема да застане
По олабавувањето на мерките има нови случаи во скоро сите земји во регионот, изјави денеска на прес - конференција, министерот за здравство Венко Филипче.
Тој разговарал со колегите од регионот, со цел да споделат искуства и да дискутираат за тоа какви мерки би се преземале.
За починатите, Филипче вели дека се тоа луѓе кои веќе имале хронични болести.
„Од вкупно 7-те конфекции во Штип, 3 сега работат со 50 проценти капацитет, една целосно и една со 60 проценти и две треба да почнат со работа“, изјави министерот.
Вели дека мора да се намали притисокот на здравствените институции.
„Со неодговорно однесување, бројот на случаи нема да застане. Друг начин на спречување на ширење на епидемијата не постои, тоа се покажа во светот“, додаде Филипче.
Потсети дека мора да се носи маска, да се држи дистанца, и да се мијат раце.