Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ СО ЧЕСТИТКИ И ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА ЗАЕВ: Тој е промената во општеството која ја чекаа генерации за да ги исполнат соништата на своите деца

ФИЛИПЧЕ СО ЧЕСТИТКИ И ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА ЗАЕВ: Тој е промената во општеството која ја чекаа генерации за да ги исполнат соништата на своите деца

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук профил излезе со честитки за новиот мандат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

И не само тоа, туку тој изразува сериозни пофалнии зборови за првиот човек на владејачката партија, велејќи дека тој е промената во општеството која ја чекале генерации граѓани за да ги исполнат соништата на своите деца. 

„Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продлжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат“, напиша министерот за здравство на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести