Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче смета дека полицискиот час даде резултати

Филипче смета дека полицискиот час даде резултати

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вели дека со умерена рестрикција и индивидуалната одговорност немаше експоненцијален раст на бројот на новозаболени. 

Тој смета дека полицискиот час даде ефект. 

„Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето и комуникацијата на една критична категорија граѓани, кои како трансмитери беа идентификувани во делот на епидемиолошката слика, анкетите, а тоа беа помладите кои се собираа на јавни површини, паркови после завршувањето на работата на угостителските објекти и скоро секогаш без почитување на превентивните мерки, носењето маски, одржувањето дистанца“, вели  Филипче. 

Додава дека добро ја менаџирале состојбата и дека има доволен број  на кревети. 

Во земјава денес има над 1.400 нови заболени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести