ФИЛИПЧЕ: Скопје не заслужува ваква негрижа, СДСМ ќе иницира итна седница на Советот на Град Скопје
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска повика на обединување за доброто на скопјани или ќе го преиспитаат учеството во Советот.
Вели дека градот Скопје се наоѓа во хаос, а граѓаните страдаат од последиците на нефункционалноста на јавниот превоз и натрупаниот смет. Филипче ја најави иницијативата на неговата партија за итна седница на Советот на Град Скопје.
„Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје. Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок“, изјави Филипче.
Oд Град Скопје велат дека со часови се чека автобус за на училиште и за на работа поради суетата на премиерот Христијан Мицкоски.
Слично
