Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Сите девет патници тргнале од исто место во Италија

Филипче: Сите девет патници тргнале од исто место во Италија

Четири луѓе се од Скопје и пет луѓе сосе возачот се од Струмица, појасни министерот за здравство, Венко Филипче за сопатниците кои допатувале од Италија со 50 годишната жена која е заразена со коронавирус. 

Луѓето се лоцирани, и контактирани. Министерот вели дека коронавирусот е многу опасен за постари луѓе кои имаат хронични болести. 

Сите девет патници тргнале од исто место во Италија. 

„Ќе го повторам апелот, граѓаните да даваат точни информации на граница, тоа е исклучително битно“, рече Филипче. 

За жената која е изолирана на Инфективна клиника, вели дека е во добра состојба. 

Слично

Поврзани вести