Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Серолошко тестирање во Домот за стари лица во Ѓорче Петров

Филипче: Серолошко тестирање во Домот за стари лица во Ѓорче Петров

Министерот за здравство Венко Филипче најави серолошко тестирање во текот на следната недела во домот за стари лица во Ѓорче Петров откако таму има потврден случај на Ковид-19.

-Станува збор за вработена хигиеничарка. По појавата на симптомите, повишена температура, направено е тестирање и тестот е позитивен. Веднаш е направена и епидемиолошка анкета. Дел од оние со кои жената била во контакт веќе се во самоизолација. Домовите за стари лица се места каде треба да се пристапи со голема внимателност, таму има најголем ризик, заради што од следната недела ќе спроведеме серолошки тестирања, изјави Филипче


Слично

Поврзани вести