ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра
Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, Воскресение Христово – Велигден. Нека овој ден донесе многу здравје, среќа и хармонија во секој дом. Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа. Токму овие вредности се основата за создавање на подобро општество за сите, преку добри дела и посветеност.
Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу. На овој голем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон подобра иднина“, пишува Филипче.
Посака уште многу години да го славиме Велигден. И католиците денеска го слават Велигден.
