ФИЛИПЧЕ: Секое прекршување на приоритетите за вакцинирање ќе се казнува
Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.
Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти, не смее да се вакцинира, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму дополнуваат дека листите за вакцинација се доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и тие уште утре веднаш ќе бидат ревидирани.
-Оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани, се наведува во соопштението.
Слично
