Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Сега имаме 70 заразени, ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории

Филипче: Сега имаме 70 заразени, ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории во Институтот на јавното здравје и Жан Митрев. 

Направени се 43 теста, а 3 се позитивни денеска. 

Сега имаме 70 заразени, рече Филипче. 

Една пациентка патувала во Србија, бабата на девојчето од Штип е позитивна, и еден пациент од Скопје.  Заболени има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. 

„Сите пациенти се со стабилна, лесна до средна клиничка слика“, рече министерот. 

Жената од Дебар која е на апарати за дишење е во критична фаза. 

Во земјава досега се направени скоро 900 теста за Ковид 19. 

Светската здравствена организација алармираше на брзото ширење на заразени во светот. 

Слично

Поврзани вести