Филипче се заблагодари на граѓаните за почитувањето на мерките на изборниот ден
Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Преку постот се заблагодари и на граѓаните за почитувањето на протоклите и мерките за заштита, како и на медицинските работници, ангажирани во изборниот процес.
-Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи - покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколи и мерките за заштита. Голема благодарност и до сите медицински работници, членови на избирачките одбори, комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите. Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно - со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите, напиша Филипче.
