Филипче се сретнал со Али Ахмети пред лидерската средба
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се сстана со лидерт на ДУИ, Али Ахмети, во Мала Релица ден пред лидерската средба на која домаќин беше премиерот Христијан Мицкоски, и му понудил широк опозициски европски фронт
Според сознанијата на ТВ23, средбата била на барање на Филипче и се случила неколку часа пред Генералниот Совет на ДУИ да одлучи Ахмети да оди на лидерската средба со Мицкоски.
Нема детали дали во понудата на Филипче имало и барање и Ахмети да му се приклучи во бојкотот на лидерската. Тв 24 побара став од првиот опозиционер за што разговарал со Ахмети и зошто средбата не била најавена, но Филипче само ја потврди без да открие детали.
Венко Филипче СДСМ: Средба имаше, но не би коментирал за деталите.
Пред седницата на генералниот совет претседателот Али Ахмети се сретна со претседателот на СДСМ Венко Филипче на негово барање. На состанокот Филипче на претседателот му понудил соработка во “европски опозициски фронт“, вели за ТВ 24 висок функционер на ДУИ
