Филипче се сретна со Шолц и германскиот вицеканцелар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД) се сретна со доскорешниот канцелар Олаф Шолц, а потоа оствари средба и со германкиот вицеканцелар Ларс Кингбајл.
„СПД е наш силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес. Заеднички е ставот дека со државнички и правилни одлуки во перидот на Владата на СДСМ, ги исполнивме стратешките цели за државата - Македонија стана земја членка на НАТО и ги отпочна преговорите со ЕУ.“, објави Филипче.

На средбата со Шолц пак Филипче истакнал дека особено важно за нашата државата била резолуцијата на германскиот Бундестаг во 2023 година, со која тогашниот канцелар испрати силна порака и поддршка за македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
„Тоа беше резултат на државничката политика на СДСМ и соработката со германските социјалдемократи. Погрешните политики на актуелната власт во изминатата година ги загрозија сите овие успеси“, смета Филипче.
Слично
