Филипче се слушнал со колегите од Грција и Албанија за мерки за одморите
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека за летото, и за тоа како ќе се одвиваат одморите, веќе бил во контакт со колегите од Грција и Албанија.
Според него, најдобро е во координација да има некои мерки кои во целиот регион ќе се почитуваат, затоа што секое патување надвор и непочитување на мерките, е ризик за матичната земја.
Тој се надева дека скоро ќе има детали и на оваа тема.
Филипче најави дека полека животот во Македонија ќе се враќа во нормала, така што субјектите ќе почнат со работа, а предност ќе им се даде на оние кои можат да ја организираат работата шалтерски.
Денес има една жртва од Ковид 19, и седум нови заразени.
Филипче рече дека е добро тоа што државата не се доведе во ситуација болниците да бидат преполни.
