Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Се расчисти административната процедура, сега разговараме кога треба да пристигне кинеската вакцина

Филипче: Се расчисти административната процедура, сега разговараме кога треба да пристигне кинеската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител изјави дека се надминати сите проблеми со документацијата поради кои Кина го врати капарот за набавка на 200.000 дози од вакцината на Синофарм.

„Сега се расчисти административната процедура, сега разговараме за кога треба да пристигне таа кинеска вакцина. Тоа што со сигурност го знаеме е дека разговараме и за тоа зема обврска и кинеската страна дека целокупната количина ќе стигне веднаш. Но сега, навистина не знам, очекувам информација“, рече Филипче. 

Вели дека не сака да се обврзува со рокови кога тие би пристигнале во Македонија. Објасни дека за разлика од КОВАКС и Фајзер, оваа количина треба да пристигне наеднаш.

Наскоро треба да стигнат и руските вакцини во земјава. 

Слично

Поврзани вести