Филипче: Се прават анализи на 30 лица, едно од Куманово, 2 од Скопје, а другите се од Дебар
Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференија изјави дека до 12 часот вкупната бројка на заболени од коронавирус е 35.
Доцна синоќа се изработени резултати на 4 пациенти.
Сите нови дијагностицирани се со лесна клиничка слика.
Филипче изјави дека и пациентката од Дебар која е на распираторна машина е стабилна.
Се прават анализи на 30 лица, едно од Куманово, 2 од Скопје, а другите се од Дебар и околината.
12 лица од авионот кој синоќа стигна се тестирани, негативни се и се пуштени во домашна самоизолација.
Mинистерот рече дека граѓаните треба да ги почитуваат мерките, да седат дома, да мијат раце редовно, а маските кои се за еднократна употреба, да ги користат само еднаш.
Слично
