Филипче се попишмани и се откажа промена на полот да биде на товар на Фондот
Дали лавината реакции на јавноста го предомислија првиот човек на здравството да се повлече од идејата промената на полот да се врши со државни пари, не знаеме но она што е извесно е дека Филипче се попишмани.
Пред полноќ министерот за здравство реши да го повлече кажаното, оперативниот зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа.
Тој посочува дека спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување.
