Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: СДСМ поднесува специјален закон за финансиска поддршка на семејствата од Кочани

ФИЛИПЧЕ: СДСМ поднесува специјален закон за финансиска поддршка на семејствата од Кочани

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека партијата поднесува специјален закон за финансиска поддршка на семејствата од Кочани. 

Пратеничката група на СДСМ подготвува специјален Закон со кој ќе се обезбеди конкретна и директна поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Законот, кој ќе биде поднесен до Собранието следната недела, е изработен по пример на практики од повеќе земји во светот кои реагирале со слични мерки по големи несреќи.

Како што истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за вестите на ТВ Алсат М, законот предвидува финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени членови.

Во пожарот во Кочани минатиот месец загинаа 62 луѓе, а има скоро 200 повредени. 

Слично

Поврзани вести