Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документацијата од аферата за прислушкување
Лидерот на СДСМ,Венко Филипче,објави дека неговата партија бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување.
„За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност.
Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација. Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп од странски компании на премиерот и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна ништо повеќе“,побара Филипче.
Тој додаде дека безбедносниот апарат се користи за дневна политика и дека власта сака да го оттргне вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Слично
