Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче пристигна во Ниш, ќе се одлучува за најтешко повредените

Филипче пристигна во Ниш, ќе се одлучува за најтешко повредените

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа пристигна во болницата во Ниш каде што има уште шестмина македонски патници кои се најтешкоповредени од автобуската несреќа во близина на Лесковац.

Покрај оние шестмина во Ниш, има уште осуммина хоспитализирани во Лесковац, но нивните повреди не се толку сериозни и се очекува тие во секое време да се вратат дома.

- „Во болницата во Ниш се хоспитализирани шест македонски граѓани од сообраќајната несреќа што се случи кај Лесковац. Тие се со сериозни повреди, но се стабилни. Двајца од нив се на машини за дишење, од кои едниот со повреди на главата, а другиот со повреди на вратниот р’бет. Ноќва ќе им се следи состојбата на сите што се овде хоспитализирани, а потоа ќе се направи проценка дали ќе бидат оперирани во Србија, или ќе ги вратиме во Скопје и кај нас ќе ги оперираме“, изјави Филипче за СДК.

Откако се преврте македонскиот автобус на пат од Битола кон Виена и по веста дека тројца македонски државјани, од кои две жени и еден маж, се починати, како владини претставници министерот Филипче и генералниот секретар Драги Рашковски најавија дека веднаш ќе се упатат на местото на несреќата.

Слично

Поврзани вести