Филипче: Примени на Инфективна се мајка и бебе од 4 месеци од Кочани
За 24 часа на Инфективната клиника се примени 5 нови пациенти, и сега се вкупно 68.
Со потешка клиничка слика се 20, а 7 се во критична состојба.
Ова го изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Вели дека примени се мајка и бебе од 4 месеци од Кочани.
Во „8-ми септември“, 5 луѓе се во тешка состојба.
„Во Битола има 4 кои се на болничко лекување, тројца се во стабилна состојба, на еден му е потребна кислородна поддршка“, рече министерот.
Во Штип има 4 луѓе во болница.
Направени се 341 тестирање за 24 часа, а има 46 нови случаи во земјава.
Притвореникот од Шутка кој починал бил позитивен.
Министерот вели дека секогаш постои можност за втор пик, со што животот нема брзо да се врати во нормала.
Слично
