Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче повторно ќе се тестира за коронавирус

Филипче повторно ќе се тестира за коронавирус

Mинистерот за здравство, Венко Филипче в четврток ќе се тестира повторно на Ковид-19.

Првиот тест на Филипче беше негативен, а според протоколот, ќе треба да се направи и втор тест по сомнежот за ризичен контакт. 

Втор тест ќе треба да направат и премиерот Оливер  Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, како и министерот за образование, Арбор Адеми и неколку други функционери, како и новинари и сниматели.

Функционерите и претходно беа негативни на тестовите. 

Тие  претходно присуствуваа на седницата на Кризниот штаб во Куманово и на прес-конференција, а по која градоначалникот на Куманово,  Максим Димитриевски, соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Димитриевски деновиве објави дека резултатите од последните анализи на Ковид-19 се негативни.

Тој обвини за монтиран случај. 


Утврдени се пропусти за случајот во Куманово. 

Слично

Поврзани вести