Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче повикува да се казнат организаторите на концертот на Грашо во Хераклеа

Филипче повикува да се казнат организаторите на концертот на Грашо во Хераклеа

Министерот Венко Филипче реагираше попладнево на прекршувањето на протоколите при одржувањето на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола.

„Не можам да го премолчам еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола. Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имав неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50 проценти публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 метри задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител. Организаторот на настанот е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува, напиша Филипче

Побара надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните за настанот.


Слично

Поврзани вести