Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче потврди дека е регистриран втор случај на индискиот сој кај нас

Филипче потврди дека е регистриран втор случај на индискиот сој кај нас

Регистриран  е втор случај на индискиот сој на коронавирусот во земјава. 

Се работи за уште еден наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници. Ова денеска го потврди министерот за здравство Венко Филипче по посетата на реновираниот Здравствен дом во Битола.

„Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети“, рече Филипче.

Филипче нагласува дека е важно граѓаните да се вакцинираат, затоа што вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт дури и кога се работи за индиската варијанта на вирусот.

Слично

Поврзани вести