Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ПОТСЕТУВА: Ти си на одмор, но вирусот не е!

ФИЛИПЧЕ ПОТСЕТУВА: Ти си на одмор, но вирусот не е!

Mинистерот за здравство, Венко Филипче ги потсети граѓаните дека и на одмор мора да внимаваат на коронавирусот. 

„Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност“, напиша Филипче. 

Дел од медиумите објавија дека во Охрид на плажите не се одржува дистанца, а дел од туристите не носат маски. 

Билансот за 24 часа е 7 починати, и 138 нови заразени. 

Туристичката сезона е во тек, а во Струга за разлика од Охрид има повеќе активни случаи на коронавирусот. 

Во Струга има вкупно 449 случаи на ковид-19, а активни се 195, додека во Охрид досега има 272 ,а  активни се 84 лица. 

Ова го покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. 

Во Дојран има само 7 случаи. 

Слично

Поврзани вести