Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ПОТСЕТИ ДЕКА СМЕ ВЛЕГЛЕ ВОНАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА СДСМ: Членството е најсилната гаранција за безбедноста

ФИЛИПЧЕ ПОТСЕТИ ДЕКА СМЕ ВЛЕГЛЕ ВОНАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА СДСМ: Членството е најсилната гаранција за безбедноста

Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Филипче оцени дека актуелните глобални кризи, особено тензиите на Блискиот Исток, ја потврдуваат важноста на одлуките што ги носела владата на СДСМ во минатото, кога Македонија стана членка на Алијансата.

-Денес, кога има конфликти на повеќе места во светот, јасно се гледа колку биле важни државничките и визионерски политики. Донесовме тешки одлуки, дури и по цена на политички рејтинг, но успеавме да ја внесеме Македонија во најсилниот одбранбен сојуз во светот – рече Филипче.

Според него, членството во НАТО претставува силен безбедносен штит за државата, особено во услови на зголемени глобални безбедносни ризици.

Тој посочи дека примерите од актуелните конфликти, каде што се користат ракетни напади, покажуваат колку е важно да се биде дел од колективен безбедносен систем.

Во интервјуто, Филипче ги повика граѓаните внимателно да ги следат политичките ставови и ветувања, потсетувајќи дека дел од најавите на премиерот Христијан Мицкоски, како поништувањето на Преспанскиот договор и враќањето на старото име на државата, не се реализирани.

Според Филипче, граѓаните треба да прават разлика меѓу аргументирани политики и политичка реторика, оценувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери на власт дошле со националистичка кампања и ветувања кои не се оствариле.


Слично

Поврзани вести