Филипче: Помирувањето, меѓусебното почитување и разбирање се темел на едно зрело и праведно општество
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче утрово се огласи по повод празникот Прочка, честитаќи им го празникот на сите верници.
- На сите православни верници им го честитам денешниот празник Велики поклади - Прочка.
Овој празник не потсетува дека големината на човекот е во простувањето. Помирувањето, меѓусебното почитување и разбирање се темел на едно зрело и праведно општество во кое различностите се богатство, а солидарноста и грижата за другиот се заедничка обврска.
Да простувaме и да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом водени од највисоките човечки и демократски вредности.
Нека ни е честит и за многу години празникот Прочка. Да ни донесе мир во срцата, спокој во домовите и сила за нови почетоци и промени - напиша Филипче.
Кон честитките по повод празникот се придружи и поранешниот министер за внатрешни работи и сопратиец на Филипче, Оливер Спасовски.
-
