Филипче појасни: Средношколците од медицинските училишта би биле ангажирани во одделенијата каде нема ковид пациенти
Министерот за
здравство, Венко Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во
Гостивар, даде појаснување во однос на идејата што вчера ја изнесе во јавноста,
а тоа е средношколците од 4-та година во средномедицинските училишта да бидат
ангажирани во борбата против епидемијата. Реакција за ова денеска стигна и од
Унијата на ЗМСТАС, по што министерот информираше подетално.
-Вчера во текот на денот стигнаа реакциите и разговараме уште неколку пати со дел од родителите на учениците и со директорката на средното медицинско училиште. Една од опциите е да се приклучат и да се поддржи работата во одделенијата каде што не се третираат ковид пациенти, за да оние поискусните медицински сестри се вклучат работат со ковид пациенти. Како и да е во следните неколку дена ќе се донесе дефинитивна одлука која секако нема да биде наметната и ќе биде во договор со сите чинители, посочи министерот Филипче.
