Филипче: Почна да чука новото срце во градите на 39-годишната пациентка
Министерот за здравство, Венко Филипче, ја прогласи за успешна третата трансплантација на срце во историјата на земјата, откако претходно беше соопштено дека донор е 40 годишна жена чие семејство даде согласност.
„Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување“, објави Филипче.
Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор. Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја.
