Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Починаа пациенти од Скопје и Тетово

Филипче: Починаа пациенти од Скопје и Тетово

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека денеска имаме 50 оздравени пациенти од Ковид 19. 

Има починати двајца, еден од Скопје на 78 години и пациент од Тетово на 77 годиншна возраст. Има и нови 22 заболени од коронавирусот. 

„За неколку дена од 14 мај се направени 908 тестови на вработени во градинките“, вели министерот. 

Додаде дека продолжува скринингот по другите ризични групи работници и граѓани. 

Парична награда ќе има за сите кои помогнале во справување со пандемијата. 

Тука спаѓаат здравствени и нездравствени работници, кои ќе добијат 20 отсто плус на платата за два месеци. 

„Никој нема да биде изоставен, сите се земени во предвид“, рече Филипче. 

Министерот вели дека епидемијата е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен, при што веќе потврдените се од веќе познати кластери. Дел од инфицираните се заразиле од приватни собири. 

Вели дека првата битка е добиена, но борбата не е завршена. 

Слично

Поврзани вести