Филипче: Почина пациент од околината на Струга
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека денеска од Инфективната клиника заминале 5 оздравени пациенти.
Оздравени се уште 18 луѓе кои се лекувале во домашни услови.
Починал човек на возраст од 50 години од околината на Струга.
„Бројот на заболени не треба да изненадува, ова е бројката на пациенти која ја очекуваме, имајќи в предвид дека одиме кон пикот“, рече Филипче.
Вели дека вчера при посетата на Куманово не знаеле дека на луѓе од кризниот штаб им е земен брис.
За притвореникот во затворот во Шутка кој почина, министерот изјави дека тестот бил негативен.
Тестирани се десетина трудници кои се на Гинеколошко акушерската клиника, и тие се негативни.
Слично
