Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Пациентот од утрово има негативни резултати, а возачот се пожалил на кашлица

Филипче: Пациентот од утрово има негативни резултати,  а возачот се пожалил на кашлица

Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека пациентот за кој зборуваше утрово има негативни резулати. 

Вели дека жената која е задржана на Инфективната клиника е во добра состојба. 

Возачот кој бил во комбето со жената се пожалил на кашлица, и е однесен во болницата во Струмица. Во следните часови ќе има резултати и за него. 

Ќе се откажат Струмичкиот и карневалот во Прилеп. 

„На тие настани очекуваме да има многу луѓе од северна Италија“, рече министерот. 

Ќе се провери дали е драстично зголемена цената на маските. 

Слично

Поврзани вести