Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Оваа година помалку доктори побарале да одат во странство

Филипче: Оваа година помалку доктори побарале да одат во странство

Венко Филипче, министерот за здравство, денеска рече дека оваа година докторите од Македонија побарале помалку потврди за заминување во странство во споредба со претходната 2018.

Министерот со оваа констатација вели дека ги демантира бројките на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти дека над 400 млади доктори ја напуштиле земјава. Според него, станува збор за 20 потврди помалку од лани,

„Откако излезе таа информација во јавност ние ги проверивме податоците и бројките. Не знам дали станува збор за лажна информација или некој сакал да ја спинува информацијата, но во Лекарската комора издадени се само околу 160 потврди за заминување во странство, а тоа им треба на сите млади или лекари со искуство кои треба да одат да работат макар и привремено, заради тоа што без таа потврда не можат да ги нострифицираат документите во било која држава”, изјави Филипче.

Според министерот, заминувањето на белите мантили во странство е помало бидејќи, како што вели тој, мерките од последните две години дале резултати. Филипче додава дека тоа се дел од мерките што младите лекари ќе ги задржат овде во земјава.

Според министерот, тоа се вработување за сите невработени лекари преку мерката за шестмесечниот стаж, над 5.000 дадени согласности, за 50 отсто зголемени плати, а догодина и за речиси сто проценти односно и надминати 100.000 денари на некои клиники и институции. 



Слично

Поврзани вести