Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче откри како ќе гласаме

Филипче откри како ќе гласаме

Медицински лица ќе асистираат при гласањето на заразените од вирусот, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

Вели дека заштитната опрема го сведува ризикот од зараза на минимум. 

„И за тоа има протоколи во однос на користењето маски и заштитни ракавици. Тоа е процес којшто е безбеден и ако има потреба тоа да биде во домашни услови ќе стоиме на располагање да дадеме дел од медицинскиот кадар од локалните центри за јавно здравје со цел тие протоколи добро да се спроведат и да не се доведе било кој учесник во избирачкиот процес во ризик. Во таа смисла и трансмисијата преку предметите како пенкала, хартија, со редовна дезинфекција апсолутно се сведува ризикот од пренос на болеста на минум“, рече Филипче. 

Избори ќе имаме на 15 јули. Денеска е постигнат договор. 

Овој датум е прифатлив за партиите. 

Слично

Поврзани вести