Филипче откри дека само сметката на кумот на Груевски е блокирана
Венко Филипче, министерот за здравство, денеска ги расчисти сите нејаснотии и забуни, појаснувајќи дека само на Ристо Новачевски, инаку кум од првиот брк на екс-премиерот Никола Груевски, му е блокирана личната банкарска сметка, а не и центарот за дијализа Диамед Македонија за којшто се тврдеше дека е на удар на јавното обвинителство.
Од Обвинителството тврдат дека се работи за сума од 11 милиони евра кои биле префрлени во Монако. Дополнително, информациите велат дека тамошното и македонското обвинителство воспоставиле соработка со цел да се открие текот на непријавените пари.
Засега останува нејасно во детали каква е врската на Ристо Новачевски со Диамед Македонија. Здравствениот фонд и натаму исплаќа средства до дијализниот центар.
– Вчера прочитав за тоа во медиумите, а имавме и јавувања од вработените во дијализните центри. Но ние проверивме и ниту една од тие сметки кај нас не се блокирани. Веројатно станува збор за некои други сметки. Така што, центрите за дијализа функционираат без проблеми – рече Филипче на денешната прес-конференција
