Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи

Филипче: Околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека за 24 часа имаме 180 нови случаи на заразени со коронавирусот. 

Има и 11 оздравени пациенти, но и двајца починати. 

„Продолжува тестирањето на сите контакти на сите заболени во општините“, вели Филипче. 

Околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи, а имало и нови спорадични случаи. 

„Несомнено е дека имаме и втор бран, што укажува на непочитување на мерките за собирање“, рече министерот. 

Имало и одреден број на асимптоматски случаи, како што наведе Филипче. 

„Сметаме дека бранот многу кратко ќе трае, но остануваме крајно внимателни и претпазливи“, додава Филипче. 

Рече дека вирулентноста слабее, но тоа не значи дека вирусот не е опасен, напротив и сега има заболени со тешка клиничка слика. 

Вели дека има бројката на заразени е висока, таа се шири во рамките на кластерите. 

Во недела ќе се дискутира за понатамошните случаи. 

Филипче додаде дека во „8-ми Септември“ има 11 заболени, но тоа не ја компромитира работата на болницата. 

Слично

Поврзани вести