Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Од вчера на ротација во Скопје има 54 доктори и медицински сестри

Филипче: Од вчера на ротација во Скопје има 54 доктори и медицински сестри

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека за 24 часа имаме 46 оздравени, а починати се 9 лица. 

Во последното деноноќие забележан е нов рекорд во Македонија на нови позитивни случаи на Ковид-10, односно 193 заболени. 

Филипче вели дека во сите земји во регионот има пораст на бројот на заболени. 

„Во изминатите 2-3 дена интензивно работевме на подготовка на капацитетите со цел да одговориме на новиот наплив. Дел од клиниките се оптоварени и здравствените работници се навистина изморени после четиримесечна борба со вирусот“, рече министерот. 

Од вчера на ротација во Скопје има 54 доктори и медицински сестри кои веќе работат, а веќе е направен план и за следни ротации од сите болници и здравствени домови од земјава. 

Разговарано е со приватните клиники и болници, кои го нудат својот персонал. 

Монтажната болница се користи од вчера, и таму има тројца луѓе, како што кажа Филипче. 

Тој рече дека ваква здравствена криза досега немало во земјава. 

Слично

Поврзани вести