ФИЛИПЧЕ ОД ПРАТЕНИЧКОТО СТОЛЧЕ: Ќе бидам достапен за сите граѓани, ќе покажам како вистински се претставуваат граѓаните во Собранието
Вчера се конституираше Собранието. Некои од опозициските пратеници на СДСМ се огласија на фејсбук по тој повод.Венко Филипче најави олеснување на пристапот на граѓаните до законодавниот дом.
„Денеска официјално е верификуван мојот мандат како пратеник. Ќе бидам достапен за сите граѓани, ќе им го олеснам пристапот до законодавниот дом и заедно ќе ги преточиме барањата во конкретни политики и закони. Моја цел е да ја променам перцепцијата за оваа функција и да покажам како вистински се претставуваат граѓаните во Собранието“, напиша Венко Филипче на фејсбук.
Слично
