ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи,  но нема средства за семејствата на настраданите

Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија во Кочани се огромни, СДСМ во изминатите месеци покажа што значи вистинска грижа и поддршка, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната средба со членовите на општинската организација на СДСМ во Кочани. На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за Кочани додека паралелно Владата на ВМРО-ДПМНЕ си ги зголемува сопствените трошоци.

„Предложивме закон за финансиска помош за семејствата од Кочани. Поднесовме и амандман на ребалансот на Буџетот за да обезбедиме средства и да покажеме дека општеството не ги заборава. За жал, и законот и амандманот беа одбиени од власта и мнозинството. Тешко е да се прифати дека истата таа власт денес троши 1.8 милиони евра на кампањи, брошури, кетеринзи и тотеми и себепромоција, но не прифаќа да обезбеди средства за семејствата на настраданите”, рече Филипче.

На средбата тој посочи дека СДСМ ќе биде сѐ погласен и секогаш  поприсутен меѓу народот.

ad
Слично

Поврзани вести