Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Oд ѓурѓовденската литија има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Ковид -19

Филипче: Oд ѓурѓовденската литија има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Ковид -19

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното интервју за телевизијата 24 Вести објасни дека од ѓурѓовденската литија во Струга, која се одржа на 7 мај, има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Ковид -19. 

„Тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Тие се процесуирани и се следат. Имаме потврдени случаи по десетина, кои присуствувале на семејни настани. Некој од нив несвесен дека е носител на вирусот, или пак во почетна фаза на болеста, не се изолирал и ги заразил другите“, информира Филипче. 

Вели дека новозаразените се луѓе кои не ги почитувале мерките и апелираше до институциите сериозно да санкционираат неправилности.

Вчера во земјава имаше еден смртен случај, и 23 ново заразени од коронавирусот. 

Од нив 12 случаи се во Скопје, по четири нови има во Куманово и во Тетово, два во Прилеп и еден случај во Неготино, информира Министерството за здравство.
Слично

Поврзани вести