Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Нови 175 случаи, во Охрид и во Скопје има заразени од семејни прослави

Филипче: Нови 175 случаи, во Охрид и во Скопје има заразени од семејни прослави

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека за 24 часа има 175 нови случаи на заразени од коронавирусот, при што најголем дел се од Скопје. 

Воедно има и 18 оздравени, а 5 пациенти се починати. 

Во Охрид и во Скопје има заразени од семејни прослави. 

Има и заразени во штипските конфекции. 

„Состојбата во Штип и Скопје постепено се смирува, останува Скопје, особено Чаир. Се уште се евидентираат непочитувања на мерката за самоизолација и групирања“, рече министерот. 

Од почетокот на епидемијата има над 3.500 потврдени случаи. 

„Овој бран се уште трае иако две од четири жаришта спласнуваат. Сега сме сконцентрирани на сузбивање на заразата во Скопје“, вели Филипче. 
Вели дека мора да се почитуваат мерките, затоа што вирусот останува тука, а во болниците граѓаните да даваат точни информации. 
„За жал имаме неколку случаи во кои поради неточни информации, повеќе здравствени работници се во изолација и ова не смее да се случува“, додаде министерот. 

Вели дека животот мора да продолжи, и мора да се штитиме себеси и другите околу нас. 

Слично

Поврзани вести