Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Нови 11.700 дози од вакцината на Фајзер пристигнаа во Македонија

Филипче: Нови 11.700 дози од вакцината на Фајзер пристигнаа во Македонија

Нови 11.700 дози од вакцината на Фајзер пристигнаа во Македонија.

Попладнево пристигнале 11.700  дози од вакцината на Фајзер, соопшти на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче. Објаснува дека 7.020 од овие дози се преку директни преговори со производителот, а 4.680 се од помошта на ЕУ преку трилатералните договори во рамки на програмата „Тим Европа”, која ја координира Австрија. Филипче испрати апел сите граѓани да се пријават за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk, оценувајќи дека количините на вакцини постојано се дополнуваат.


Слично

Поврзани вести