Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Немам само од Заев поддршка, туку и од други поранешни функционери

Филипче: Немам само од Заев поддршка, туку и од други поранешни функционери

Не само што СДСМ ќе опстои, туку же биде победничка партија, рече поранешниот министер за здравство Венко Филкипче, кој денеска ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на партијата.

Актуелниот пратеник пред седиштето на СДСМ кажа дека има поддршка од поранешни функционери, меѓу кои и од поранешниот лидер Зоран Заев, и дека не го прифаќа предлогот на неговиот противкандидат Јован Деспотовски - тој што ќе изгуби на партиските избори да нема право да бара функција преку партијата во иднина.

- Тоа што имам одлични релации со Заев , но и добри релации и со други претходни функционери, се добар предуслов за обединувањето во партијата. 

Сметам дека не треба да има никакви ограничувања. Претседателот што ќе биде избран треба самостојно да го прави тимот потоа. Не треба да има поделеност на почеток, нас тоа не ни требеа. Треба да има фер-плеј, наведе Филипче.

Тој додаде дека со кандидатурата ја поднесува и својата партиска програма,која ја составил по разговорите со членството и скенирањето на нивните потреби.

- Програмата се темели на сугестии и предлози на членовите. Таму е внесено се - над 90 проценти што бараат нашите членови - како отвореност и достапност. Измени ќе има и во општинските организации, како тоа што ќе биде на централно ниво. Нема да има член што ќе остане несослушан и екскомунициран, додаде Филипче.


Слично

Поврзани вести