Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче немал средба со амбасадорот по протерувањето на рускиот дипломат, но не очекува дека тоа ќе се одрази на стигнувањето на Спутник

Филипче немал средба со амбасадорот по протерувањето на рускиот дипломат, но не очекува дека тоа ќе се одрази на стигнувањето на Спутник

На прашањето дали со вчерашното протерување на рускиот дипломат од нашата земја ќе се искомплицира набавката на 200.000 вакцини на руски Спутник, министерот Филипче рече дека нема такви најави и дека прашањето не треба да се политизира. 

„Немам такви информации дека Македонија би трпела последици. Во ниту еден момент за време на бројните средби, а и сега за телефонските разговори што ги имам со рускиот амбасадор, нема никаква најава за политизација на прашањето. Ниту беше така на почетокот, ниту е сега. останува да видиме. Ги кажав најавите, а тоа е дека до крајот на мај ќе стигне одредена количина. Ќе видиме дали ќе е така. Ќе кажам повторно, ние бевме една од земјите кои најмалку временски чекаше од моментот на нарачката до стигнување на првата количина. Мала беше, нпо многу стгна после нарачката“, рече Филипче. 

Тој сепак нагласи дека после вчерашниот ден немл комуникација со рускиорт амбасасадор.

„Повторно ќе кажам, од таа комуникација која ја имав досега и која бешпе многу коректна, не очекувам да има проблеми. Но, еве да видиме“, рече Филипче.

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести